Починато лице е член на собрание и на управен одбор на ФКТ „Ристо Шишков“

 

Според документацијата земена од Централниот регистар, лицето Благоја Стефановски, кое е починато во 2020 година, на некои места се појавува како Благој Стефанов, намерно или не, до денес фигурира како член на Собранието и на Управниот одбор во Здружението на граѓани Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Последната промена во раководниот состав од страна на здружението е направена во 2017 година. Здружението е правно лице.

Починато лице е член на собрание и на управен одбор на ФКТ „Ристо Шишков“

Статутот предвидува мандат од четири години, а рокот истекол во 2021

Во статутот на здружението пишува дека мандатот на член на Собрание и Управен одбор трае четири години.
Тоа значи дека на починатото лице му истекол мандатот дури и по тој основ, во 2021 година. Тоа значи дека како веќе починат, му е продолжен мандатот до 2025 година. А потоа и до ден-денес.

Статутот предвидува мандат од четири години, а рокот истекол во 2021

Седници најмалку четири пати годишно, а едно место води до прашањето како се одлучувало

Управниот одбор, според статутот, треба да свикува седници најмалку четири пати годишно, а Собранието најмалку еднаш годишно.
„Како се одвивала комуникацијата со починатиот во донесувањето на одлуките за доброто на фестивалот и театарот на Македонија, јас не знам, но склон сум да верувам дека овде има елементи на злоупотреба на починат човек. Нека утврдат надлежните органи.“ – напиша на својот фејсбук профил Митко Бојаџиски.

Седници најмалку четири пати годишно, а едно место води до прашањето како се одлучувало

Одбор предвиден со 7 членови од 2017 работи со 5

Управниот одбор, според статутот, треба да брои седум членови кои се избираат на секои четири години.
Од 2017 година, Одборот работи со пет члена, со што е прекршен статутот.

Одбор предвиден со 7 членови од 2017 работи со 5

„Тој пали, тој гаси“ стои до името на Ванчо Ристов Патриков

Според документацијата, Ванчо Рист

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *