Медицинска сестра е прогласена за хероина откако спаси 3 бебиња по експлозијата во Бејрут

Главниот град на Либан забележа катастрофална штета по експлозијата вчера, 4 август, со паднати автомобили, испукани прозорци и домови оштетени на повеќе од 10 км. Бројките на загинати и повредени растат со тоа што Црвениот крст на Либан го нарече „огромна катастрофа“ и велејќи дека има „жртви и загинати насекаде“.

После експлозијата, медицинска сестра – која сè уште не е идентификувана – во локалната болница успеа да заштити 3 новороденчиња. Фотографот кој го фатил моментот ја нарече хероина и ја сподели фотографијата на Фејсбук. Во објавата на Фејсбук, фотографот Билал Мари Јавич истакна дека по 16-годишно искуство со прес фотографство и многу војни не го видел она што го видел тој ден во областа Ашрафија.

Бидејќи и болницата била оштетена поради експлозијата медицинската сестра ги земала новороденчињата за да ги заштити, додека како што вели фотографот околу неа имало голем број повредени.