Интервју со Фадил Ибишовски, битолчанецот кој никогаш не испил ниту едно апче, а 68.000 луѓе ги следат неговите совети за здрава исхрана

Фадил Ибишовски е пензиониран биолог од Битола, роден 1954 година во село Лазани кај Прилеп. Поголемиот дел од работниот век го поминал во РЕК Битола, далеку од она за кое студирал, но биологијата никогаш не го напуштила. Пред 16 години животот го соочил со дијабетес тип 2 и 105 килограми, а докторот му предложил апчиња. Тој одбил. Наместо тоа, за 50 дена симнал 35 килограми и се ослободил од дијабетот и уште седум болести, исклучиво со промена на исхраната. Денес води Facebook група „Здравје од природата“ со 68.000 членови, одгледува органски зеленчук во сопствена градина и бесплатно им помага на луѓето. Неговата порака е едноставна и радикална: телото знае да се лекува само, само треба да му дадеш шанса.

Содржина:

1. Родени сте 1954 година во село Лазани кај Прилеп, каква беше таа средина во која пораснавте и што беше поинаку од денес?

Детството го поминав на село, со доста работа, се занимававме со земјоделие кое ме оцеличи за понатамошниот дел од животот. 55 години живеам во Битола. Храната во моето време беше многу поздрава од денес, тогаш немаше хемија, само син камен се прскаше за заштита од пламеница, а тој препарат не беше системски туку формираше заштитен слој на листот. Затоа луѓето беа многу поздрави од денешно време, кога буквално се среќаваме со отрови во сè.

1. Родени сте 1954 година во село Лазани кај Прилеп, каква беше таа средина во која пораснавте и што беше поинаку од денес?

2. Кога и зошто се одлучивте за биологија и хемија, дали имаше некој момент или личност која ве насочи?

Биологијата ја засакав уште во основно училиште и таа беше моја најголема желба да ја студирам.

3. Каде студиравте и какво беше студентското искуство на ПМФ во тоа време?

Студирав во Битола, на ВПА. Бевме 26 студенти, многу дружење и убаво си поминавме. Во ЕМУЦ „Ѓуро Салај“ само завршив средно, ништо повеќе.

4. Пред 16 години имавте 105 килограми и дијабетес тип 2, во каква состојба беше вашето здравје тогаш и како се чувствувавте?

Тоа беше пред 16 години кога добив прекумерна тежина од 105 килограми, а висина имам 1 метар и 67 сантиметри. Моето здравје беше многу нарушено.

6. Како изгледаше тој премин, преку ноќ или бавно, со отпор и со сомнежи?

5. Докторот ви предложил лекови, зошто одбивте и кога точно решивте да тргнете по друг пат?

Докторот ми предложи апчиња глукофаж, а во меѓувреме се случи средба со д-р Слаѓана Велков која ме упати во природната медицина. Проблемот со дијабетот го решив за 45 дена и не само дијабетот, туку уште 7 други болести.

5. Докторот ви предложил лекови, зошто одбивте и кога точно решивте да тргнете по друг пат?

6. Како изгледаше тој премин, преку ноќ или бавно, со отпор и со сомнежи?

Преминот беше радикален и преку ноќ преминав во веганство. Откако дознав за лекување на природен начин, никогаш не примив ниту едно апче.

7. 35 килограми помалку, колку време траеше тоа и кој беше најтежок момент?

35 килограми симнав за приближно 50 дена. Беше прилично тешко во почетокот, морав да се адаптирам на нов начин на исхрана. Животинската храна цела замина во историја, за мене повеќе не постои.

8. Вие велите дека телото се лекува само, од каде таа идеја и на што се базира?

Телото се лекува само, но кога ќе му дадеш шанса да се лекува. Не секогаш мора да му се дадат лекови, треба да му се даде здрава храна од растително потекло, и тоа што повеќе жива, а не термички обработена.

9. Од постовите гледам дека ги лечите паразитите со чај од каранфилче и хеликобактерот со масло од оригано и хидроген, дали самите сте го тестирале секој од овие рецепти на себе?

Многу читам стручна литература за да го збогатувам своето знаење. Сите тие лекови, дел од растително потекло и водородот, лично сум ги испробал на себе и дадоа одлични резултати.

9. Од постовите гледам дека ги лечите паразитите со чај од каранфилче и хеликобактерот со масло од оригано и хидроген, дали самите сте го тестирале секој од овие рецепти на себе?

10. Конвенционалната медицина многу пати ќе каже дека ова нема докази, што им одговарате на докторите кои не се согласуваат?

Во конвенционалната медицина дијагностиката е одлична, но не и лекувањето. Нивните лекови се само маскирачи на симптоми кои не лекуваат трајно, туку мора да ги пиеш доживотно.

10. Конвенционалната медицина многу пати ќе каже дека ова нема докази, што им одговарате на докторите кои не се согласуваат?

11. Групата „Здравје од природата“ има илјадници членови, дали очекувавте таков одзив кога ја отворивте?

Групата „Здравје од природата“ брои 68.000 членови. Јас само работев, а резултатите ги цени народот и затоа толку многу членство. Групата е хумана, непрофитабилна, веганска и се залага за ненасилство кон животните.

11. Групата „Здравје од природата“ има илјадници членови, дали очекувавте таков одзив кога ја отворивте?

12. Кое е најемотивното сведоштво на член на групата кое вас лично ве погодило?

Ме погоди еден случај со членка во групата со карцином на градите. Беше вечерта пред Нова година, од 23 часот па до 01 часот траеше разговорот. Ниту ја дочекав ниту ја видов Новата година. Тоа ќе ми остане за цел живот во сеќавање.

13. Со што најмногу се гордеете, можете ли да споделите конкретен пример на човек на кого навистина му помогнавте?

Во групата, на „лупа“, има стотици излечени. Јас тоа не смеам да го објавам без нивна дозвола, сепак тоа е нивно дискреционо право.

14. Дали некогаш некој рецепт или препорака не проработила онака како што очекувавте?

Немам такво лошо искуство, сè ми било позитивно.

15. Раскажете ни за градината, колку е голема, што одгледувате и зошто е толку важна за вас?

Градината е мојот живот, катче каде ги поминувам моите пензионерски денови. Тоа е мојот далечен сон кој сега ми се оствари. Произведувам органска храна без хемија. Заштита правам со препарати на билна база, а нив ги преземам од страната на „Траг биљака“ на Биљана Бановиќ од Република Српска.

7. 35 килограми помалку, колку време траеше тоа и кој беше најтежок момент?

16. Во пензија сте, имате градина и водите група, дали ова е помирен живот или поактивен отколку кога работевте?

Ова е помирен живот. Работам она што го сакам, а додека бев на работа, работев она што морав заради егзистенција.

17. Ако можевте порано, пред 30 години, да го знаете она што го знаете денес, што прво ќе промените?

Ако знаев пред 30 години тоа што сега го знам, веднаш ќе ја сменев исхраната.

Интервју со Фадил Ибишовски, битолчанецот кој никогаш не испил ниту едно апче, а 68.000 луѓе ги следат неговите совети за здрава исхрана

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *