Газдите на „Пулс” се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик”

Основниот суд Кочани донесе решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба поврзана со демолирањето на кафе-барот „Класик“ на 17 март 2025 година.
Тужбата беше поднесена од ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ Кочани, чиј управител е Михаил Јованов, син на Дејан Јованов Деко, првообвинет за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Газдите на „Пулс" се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик"

По пожарот во „Пулс“, гневот заврши пред суд

Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажаа од приватната тужба против групата млади кочанчани кои беа обвинети за демолирање на кафе-барот „Класик“.
Инцидентот се случи во излив на гнев по пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

По пожарот во „Пулс“, гневот заврши пред суд

На 11 јуни во судот пристигнал поднесокот за повлекување

Компанијата ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ Кочани, преку полномошникот адвокат Ивана Коцевска од Скопје, доставила поднесок со кој ја повлекува приватната тужба против обвинетите.
Во решението на Основниот суд Кочани се наведува дека, по приемот на поднесокот, судот постапил согласно одредбите од Законот за кривична постапка и донел одлука за запирање на предметот.

Судот се повика на член 62 став 2 од ЗКП

Во решението на Основниот суд Кочани стои:
„Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ Кочани, со управител Михаил Јованов од Кочани преку неговиот полномошник Адв. Ивана Коцевска од Скопје, а согласно чл.62 ст.2 од ЗКП според кој „Доколку оштетениот се откаже од предлогот, односно приватната тужба до започнување на главната расправа судот донесува решение за запирање на постапката, а доколку се откаже од започнување до завршување на главната расправа судот донесува одбивателна пресуда (чл.402 ст.(3))“, па имајќи го во предвид погоренаведеното следуваше судот да одлучи како во диспозитивот на решението, а согласно чл.62 ст.2 в.в. ст.1 од ЗКП.“

Обвиненијата беа за оштетување туѓи предмети и нарушување на неповредливоста на домот

Со запирањето на постапката, предметот против осуммината млади кочанчани завршува по повлекувањето на приватната тужба.
Тие беа товарени за кривичните дела „Оштетување туѓи предмети“ и „Нарушување на неповредливоста на домот“.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *