„Да имаш трилион долари, да можеш да спасиш милиони деца, а ти сакаш да стапнеш на Марс и да се к*рчиш дека во нешто си прв“ – Поетот Дарко Лешоски со жестока порака до лажните „визионери“
Со жестока и без задршка објава, поетот и писател Дарко Лешоски повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Во долг статус, тој пишува за моќта, богатството, медицината, војните и човечките приоритети, а на крајот упатува и остри зборови кон оние што ги смета за лажно прогласени „визионери“.
Дарко Лешоски е роден на 4 јули 1984 година во Струга, по потекло е од Вевчани, а од својата 14-та година живее во Скопје. Се прослави со поезијата што најпрво ја објавуваше на Фејсбук, а неговите дела се преведувани на повеќе јазици.

Еве што напиша Лешоски на својот Фејсбук профил:
„Да имаш над трилион долари, да можеш да спасиш милиони деца, да можеш да ги купиш ко заебанција сите фармацевтски гиганти и патентите на најскапите лекови да ги предадеш за трајна употреба на човештвото (сличен на оној на Џонас Салк со вакцината за детска парализа – патентот би му припаѓал на човештвото, овозможувајќи евтино и масовно производство на лекови секаде во светот), да можеш целосно да ја демонтираш сегашната економија на фармацевтската индустрија (на пример, иако се десетици такви џелатски индустрии) , да можеш со трепкање на око и блага насмевка да си легнеш и утрото да се разбудиш во свет каде ти, и само ти ја трансформираш медицината во глобално човечко право, да го компресираш времето како со прст од Бога од декади потребни за истражување на вакцини за најтешките болести во неколку месеци или неколку години.
Да можеш да ја „купиш сосе партали и да ја фрлиш по вода“ секоја власт која сака, прави или планира војна… а да им го скратиш времето на сите научници кои си го губат со тешки бирократски процедури додека бараат донации за истражувања… И исклучиш телефон и скокнеш од некоја карпа во Медитеран негде да се искапиш ко човек и да изгориш поштено од сонцето пошто си бел ко сапун и да бараш кисело млеко по некој забацан селски гранап по Сицилија, Грција, Турција по влечки…
А тебе што? Тебе да ти е императив да швајцуваш и вариш со апарат за железо скапи тенеќиња и да ги пушташ горе кај Хал од Кјубрик да ти ги разјеба? Да сакаш да стапнеш на Марс и да фрлиш Голден Игл лименка? Да сакаш да ѕирнеш онаму за кај не си ни ти ни било кој од нас дозреан (не знаете што има уште на дното на океанот, а камо таму!). И откако ќе го сториш тоа да се курчиш ѓоа си пред некоја селска кооперација дека во нешто си прв и да се смееш и да мафташ со моторката додека улизиците од сите страни на светот ти се улизуваат надевајќи се дека ќе им фрлиш некој динар дур те понео мерак како те нарекуваат „визионер“. И го носиш на себе презимето на Тесла на маица. Не си визионер,само просечна Балканчина. Тесла беше светски човек. Ти си само балканска простачина и дете кое има потреба сеуште некому да му се докажува. Не си визионер, само несигурна пи*ка. Оние кои навистина ти се восхитуваат – по јадни од тебе! Ко администраторето пред фирера си… несреќници“.


Коментирај анонимно