Во Битола се одржа „Вистинска парада на гордоста“ (видео)
Во Битола во саботата се одржа традиционалниот марш „Вистинска парада на гордоста“ кој според организаторите е контра марш на манифестацијата Парада на гордоста што се одржа попладнево во Скопје.
Според Игор Петковски, претставник на организаторот, секој има право на свое мислење, без да навредува и шири омраза.
-Маршот „Вистинска парада на гордоста“ се одржува по шести пат, спонатано и е одговор на контра парадата што се случува во Скопје. Сакаме да ги истакнеме начелата од кои ние сме водени. Тука сме за да ги одбраниме нашите вистини, нашите права, да покажеме зошто треба вистински да сме горди, и ако на нешто треба да бидеме горди, тоа се домот, семејството, родителството и на нашите деца. Самиот Господ Бог вели, женете се, мажете се и наполнете ја земјата со луѓе, тоа и ние го мислиме и го кажуваме на овој настан. Ние не шириме омраза, никого не навредуваме, ниту клеветиме, секој има свое право, а на овој начин ние го кажуваме нашето право на мислење“, изјави за МИА, Петковски.
Маршот „Вистинска прада на гордоста“ во Битола почна од плоштадот „Магнолија“, учесниците се движеа по Широк сокак, а завршија пред битолскиот Офицерски дом.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно