Трајче умрел од глад и оди кај Господ (виц)

Поради состојбата во Македонија, Трајче умрел од глад.
Се појавил пред вратите на рајот. Лично Господ му отвора.

— Господи, Трајче сум од Македонија. Мислам дека водев праведен живот, па еве ме тука.

— Да, Трајче, тамам си за овде. Влези.

И тамам било време за ручек, па Господ го прашува:

— Сигурно си гладен, ќе каснеш со мене?

— Ами да, зошто да не.

Господ отворил една конзерва сардини, седнале на еден камен и почнале да јадат.

Додека јаделе, Трајче ѕирка долу во пеколот — таму луѓево печат скари, вртат прасе, пијат вино, музика грми, жени играат… прав хаос, веселба.

Следниот ден — исто.
Третиот ден — пак конзерва. А долу во пеколот печено јагне, ракија, жива музика.

На крај Трајче не издржал:

— Господи, извини вака… ама како е ова? Ние тука во рајов на суво леб и конзерва, а оние долу се гоштевка секој ден?

Господ воздивнал и му вика:

— Трајче, што да ти кажам… не ми се исплати да готвам само за двајца.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *