Македонија меѓу земјите со умерени верски ограничувања, Бугарија и Грција полошо рангирани
Најновиот извештај на американскиот истражувачки центар „Пју“ ја става Македонија во категоријата земји со умерено ниво на религиски ограничувања. Анализата опфаќа 198 земји и територии и ги следи ограничувањата што доаѓаат од државните институции, но и тензиите што произлегуваат од општеството и верските конфликти.

Во 2022 година GRI бил 4, а SHI 1,5
Истражувањето ги следи Индексот на владини ограничувања (GRI) и Индексот на социјални непријателства (SHI) поврзани со религијата. За 2023 година, Македонија има оценка 3,5 на GRI и 3,1 на SHI, што ја сместува во категоријата со умерени ограничувања. Во регионот, Србија и Босна и Херцеговина исто така се во групата со умерен ризик, додека Бугарија и Грција се класифицирани меѓу земјите со високо ниво на владини ограничувања. Албанија има најниски оценки во регионот за двата индекса.

Израел, Пакистан и Сирија се наведени со „многу високи“ нивоа
На глобално ниво, извештајот посочува дека Израел, Пакистан и Сирија имаат „многу високи“ нивоа на религиски ограничувања и социјални непријателства. Во Пакистан, меѓу другото, продолжиле апсењата по обвиненија за богохулство, додека во Израел индексите се зголемиле по нападите на 7 октомври 2023 година и последователните безбедносни мерки и верски тензии. Извештајот на „Пју“ повеќе од една деценија ги следи глобалните трендови поврзани со верските слободи.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно