Како што македонски лекар ќе те „среди“, никој нема (виц)

Отишол Зоки на на лекар и му вели на докторот:
– Докторе, ми помодре десниот тестис.

Докторот го погледнал преку очилата и рекол:
– Ништо, Зоране… ќе мора да го отстраниме.

По две недели, пак дошол Зоки:
– Лелее, докторе, сега ми помодре и левиот.

– Ништо, и него ќе мора да го отстраниме.

По некое време, Зоки повторно доаѓа:
– Докторе, помагај! Сега и тоа ми помодре!

Докторот ги наместил очилата, внимателно погледнал и рекол:

– Ех, Зоране… тебе фармерките ти пуштаат боја!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *