Црешево со најмногу дожд: За 12 часа наврнаа 74 литри на квадратен метар (видео)
Според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи, најголема количина дожд во изминатите 12 часа е измерена во скопското село Црешево – 74 литри на квадратен метар. Зад него се Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри.

Врнежи се регистрирани и во повеќе други делови од државата, меѓу кои Зајчев Рид, Струмица, Карпош, Претор, Гевгелија и Велес, каде наврнале меѓу 3 и 18 литри на квадратен метар.

Од УХМР велат дека врнежите се локални и нерамномерно распределени, па на поединечни места е можно да има и поголеми количини од измерените. Во текот на вечерта се очекува променливо облачно време со можност за слаб локален дожд во Полошкиот регион, додека во текот на ноќта времето постепено ќе се стабилизира и ќе биде претежно ведро.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно