Фата доживеала клиничка смрт (виц)
Фата доживеала срцев удар и завршила на операциона маса. За време на операцијата доживеала клиничка смрт.
Кога се нашла пред Бог, го прашала:
– Значи, дојде време да умрам?
Бог ѝ одговорил:
– Не. Ќе живееш уште 43 години, 8 месеци и 2 дена.
Кога се разбудила, Фата решила максимално да го искористи животот што ѝ преостанува.
Ги отстранила брчките, го сменила носот и брадата, ставила нови заби, направила липосукција, ги оперирала градите и задникот, а на крај се потстрижала и ја офарбала косата.
„Кога веќе ќе живеам уште толку долго, барем да изгледам совршено“, си рекла.
Но, штом конечно излегла од болницата, ја удрил автомобил и починала на самото место.
Повторно се нашла пред Бог и налутено му рекла:
– Па добро, ми кажа дека ќе живеам уште 43 години! Зошто не го запре автомобилот?
Бог слегнал со рамениците и рекол:
– Искрено… не те препознав!


Коментирај анонимно