10 кратки вицови за долго смеење
1.
Влегува полицаец во Телеком и прашува:
– Имате ли картички од 500 денари?
– Има, одговара продавачот.
– И колку пари е?
2.
Влегува Трпе во црква и го прашува попот:
– Попе, смее ли човек да се збогати на туѓи грешки?
– Никако Трпе, тоа е грев.
– Епа тогаш врати ми ги 100те евра што ми ги зема за венчавката.
3.
Влегува Трпана во спална и гледа женски гаки,и го прашува Трпе:
– Трпе од кај овие женски гаки?
А Трпе и одговара:
– Вчера ми ги даде комшијата си ги заборавила кај него.
4.
Влегува Цветко во кафана, двете раце му се во гипс, и му вика на шанкерот:
– Може ли да ми го извадите новчаникот, да си платам едно пиво?
– Да, да, секако.
– А може ли да ми ставите во чашата, и да ми ја подадите да се напијам?
– Да, да, нема проблем.
После 2-3 пива:
– А каде имате тука WC.
– WC?? Подолу на 50 метри е автобуската, таму има WC.
5.
Влегува човек во кафич и му вика на шанкерот:
– Дај ми две дупли вотки.
– Ти изгледа си имал многу тежок ден, а?
– Абе остај, открив дека постариот брат ми е педер.
Доаѓа следниот ден истиот човек, порачува повторно две дупли вотки и објаснува:
– Испадна дека и помладиот брат ми бил педер.
Третиот ден, човеков повторно влегува во истиот кафич и пак го порачува истото. На шанкерот не му се верува, па прашува:
– Добро бе, нема ли никој во твојата фамилија што сака жени!?
– Има… жена ми.
6.
Влегува човек во продавница за брави:
Имате ли патент брави?
Немаме.
A имате ли магнетни брави?
Немаме.
А имате ли било каква брава?
Немаме никакви брави.
Па,што тогаш не ја затворите продавницата!
Па како да ја затворам – нели ти реков дека немаме брави!
7.
Во судница:
– Значи вас господине Трпе, соседката ви рекла дека сте мајмун. Дали е тоа вистина?
– Вистина е господине судија.
– Па зошто тогаш ја тужите?
8.
Во Црна Гора решиле дека е време луѓето да почнат да работат.
За работен ден го избрале Среда. Луѓето имале 4 дена одмор после работниот ден и 2 пред да почнат да работат, значи 6 дена одмор.. им одговарало.
Станал еден пратеник и рекол сакам да прашам нешто. И овие ајде прашај слободно. И пратеников:
Извинете, секоја Среда или секоја втора ќе работиме!?
9.
Вулканизер се оженил со некоја девојка и ја однел дома. Само што влегле ја напунил кадата со вода, ја грабнал жена си и почнал да ја потопува и да вика:
– Ај сега да провериме дали си стварно невина. Едно меурче да видам, тешко тебе ќе биде!
10.
-Г-ѓо, Вашиот маж е во голема депресија – и рекол докторот на жената. – За среќа, со една насмевка дневно и со неколку добри збора ќе можете да го спасите.
После овој разговор, на пат кон дома мажот ја прашал жената:
-Кажи…што ти рече докторот?
-Рече дека за жал, наскоро ќе станам вдовица!


Коментирај анонимно