Жена оди во дуќан за мажи за да си најде партнер (виц)

Една жена одлучила да го посети дуќанот за мажи и да си најде партнер.

На вратата од првиот кат пишувало:
„Овие мажи имаат работа“

Жената се одлучила да оди на горниот кат.

На вратата од вториот кат пишувало:
„Овие мажи имаат работа и сакаат деца“

Жената се одлучила да се качи еден кат погоре.

На вратата од третот кат пишувало:
„Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни“

Wow, помислила жената, но чувствува дека мора да се качи погоре.

На вратата на четвртиот кат пишувало:
„Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни и помагаат низ дома“

-Неверојатно – си мисли жената – тешко можам да одолеам да не влезам… Но сепак, нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат.

На вратата на петтиот кат пишува:
„Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични“.

Жената се решила да влезе, ама во последен миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува сепак да се качи на шестиот кат.

На вратата од шестиот кат пишувало:
„Вие сте посетителка број 51 352 177
На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да се покаже колку е невозможно да се задоволи една жена. Ви благодариме што го посетивте нашиот дуќан“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *