Овчарот долго време не видел жена (виц)
Ѝ се расипал автомбилот на една госпоѓица среде планина. За среќа, во близина имало едно бачило и таа се упатила кон него. Овчарот срдечно ја дочекал, вечерале и дошло време за спиење. Ги поделиле ќебињата по 3, па легнале секој на своја сламарица.
Госпоѓицата не можела да заспие. Размислувала за младиот и убав овчар, здрав, долго време без жена… “Ај да пробам” – си рекла.
-Слушај… мене ми студи… како да се стоплам? – прашала.
Без збор овчарот ја покрил со едно од своите ќебиња.
-Уште ми е студено – продолжила по десетина минути.
Добила уште едно ќебе.
-Изгледа, морам отворено да ти кажам, се загреав… и тоа премногу. Може ли ние двајцата ноќва да ја поминеме како што го прават тоа маж и жена?
-Може – рекол овчарот. -Потоа станал и си ги земал своите 2 ќебиња.


Коментирај анонимно