Најмладиот тракторист во Македонија има 4 години и работи на нивите со тутун во битолско

Малиот Фадил Корчари од битолското село Жабени деновиве привлече големо внимание на социјалните мрежи со својата љубов кон земјоделството. Иако сè уште нема наполнето четири години, тој веќе знае да управува трактор и секојдневно им помага на своите во работите на нивата со тутун.

На видеото што го испрати Јетмир Корчари се гледа како Фадил самоуверено го вози тракторот и ги чисти патиштата меѓу редовите со тутун. Иако е многу мал, очигледно е дека уште од најрана возраст расте покрај земјоделските работи и со голем интерес ги следи своите родители и останатите членови на семејството.

Снимката брзо се прошири на интернет и предизвика бројни реакции. Дел од луѓето беа воодушевени од неговата умешност и љубовта кон земјоделството, додека други посочија дека децата на таа возраст сепак треба да бидат особено внимателни кога се во близина на земјоделска механизација.

Без разлика на различните мислења, видеото уште еднаш покажа дека во многу земјоделски семејства децата уште од најрана возраст растат покрај нивите и учат како изгледа животот на село, каде што работата и помошта во семејството се дел од секојдневието.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *