Вознемирувачко видео од интервенција на Брза помош ја шокира Србија: Жената подоцна починала
Вознемирувачка снимка од интервенција на екипа на итната медицинска помош во Бачка Паланка се шири на Интернет и предизвикува силни реакции кај јавноста.
На видеото е прикажано постапувањето на медицинскиот тим за време на укажување помош и транспорт на пациентка, а снимката отвори бројни прашања околу начинот на кој била извршена интервенцијата, како и за стручноста, организацијата и професионалното постапување на екипите на терен.
Според информациите што кружат во јавноста, пациентката подоцна починала во Ургентниот центар. Поради тоа, голем број граѓани бараат надлежните институции да го испитаат случајот и да утврдат дали при интервенцијата биле направени евентуални пропусти.
Во моментов, српските медиуми не објавија официјални информации дека е покрената истрага или дека се преземени мерки против лицата кои учествувале во интервенцијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно