10 кратки вицови за долго смеење

1.

Дознал мажот дека жена му го мами со неговиот шеф:
Мажот: Кажи зошто? Зошто?
Жената: Па ете… не занам…
Мажот: Дали е попаметен од мене?
Жената: Не.
Мажот: Дали му е можеби поголем…?
Жената: Не.
Мажот: Дали е подобар од мене в кревет…?
Жената: Не
Мажот: Леле… што мајтап ќе му удрам утре на работа.

2.

Доктор ja прашува пациентката – плавуша:
– Со колку мажи сте имале сексуални односи во последно време?
– Петмина.
– Па, не е многу.
– Да бе да, тапа викенд.

3.

-Докторе, – рекла пациентката – не можам да се соблечам пред вас. Се срамам.
-Добро – рекол докторот. – Ќе го изгасам светлото, па кога ќе бидеш готова кажи.
После неколку мига, пациентката се јавила од темнината:
-Докторе, се соблеков. Каде да ја ставам мојата облека?
-На столицата, над мојата облека!

4.

Кај заболекарот:
-Докторе, без никава анестезија. Едноставно извадете го забот.
-Браво. Би сакал кај моите пациенти да имам повеќе вакви храбри мажи. Ајде да го видам забот.
Мажот, вртејки се кон жената:
-Ајде душо, покажи го забот за вадење!

5.

Докторот: – Па… имам, една лоша и една многу лоша вест за вас.
Трпе: Во ред, дај кажи ја прво лошата вест.
Докторот: Пристигнаа резултатите од вашиот лабораториски тест и според нив имате уште 24 часа живот.
Трпе: Дваесет и четири часа?! Тоа е ужасно! Па што може да биде полошо од тоа?
Докторот: Па видете, се обидувам да ве добијам по телефон уште од вчера.

6.

Дотрчува жена дома цела среќна и на цел глас вика:
– Драги, пакувај ги торбите, добив на лото.
– Стварно? Па тоа е одлично душо! Да пакувам алишта за на планина или за на море?
– Ма какви сакаш спакувај, само губи се да не те гледам.

7.

Дошол Цветко во породилиште, па прашува:
– Што добив?
– Син – му вели медицинската сестра.
А тој:
– Знаев, кога јас ќе го прочистам мојот оџак… не можам да промашам, мора да биде машко.
– Да, ама изгледа не сте го чистеле редовно оџакот, детето е црно

8.

Драга мамо!
Помина недела дена откако беше кај мене на посета. Истиот ден, исчезна часовникот на мојот цимер. Не велам ниту дека си го земала, ниту дека не си го земала, меѓутоа, факт е дека од истиот ден часовникот го нема. Инаку, јас сум добро.
Твојот син, Станко.

Драги сине!
Ми беа сомнителни разменетите страстни погледе помеѓу тебе и твојот цимер. Не велам ниту дека спие со тебе, ниту дека не спие со тебе, меѓутоа, факт е дека доколку спиеше цимерот во својот кревет, до сега ќе го најдеше часовникот.
Те сака, Мама..

9.

Дошол цајкан кај шефот и му вели:
– Шефе, сепак ние цајканите не сме најглупави…
– Зошто?
– Па, го прашувам еден човек колку е часот, а овој ми вика 5 и 5 наместо одма да ми каже 10.

10.

Донела мајката голем пакет. Децата, радувајќи се на облеката и играчките, прашале дали пакетот го испратил нивниот татко од печалба.
-Како да не – одговорила таа – ако чекав јас на него, ни вас немаше да ве имам!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *