Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

Од денес стапуваат во сила новите, построги правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Целта на измените е да се зголеми безбедноста на возачите на лесни електрични возила, како и на сите други учесници во сообраќајот.

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

20 км/ч на велосипедска патека, 6 км/ч на тротоар

Ограничувањата сега јасно ги раздвојуваат местата каде што се вози. На велосипедски патеки и ленти е дозволена повисока брзина, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки важи значително побавно движење. При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите се должни да слезат и да го туркаат возилото.

20 км/ч на велосипедска патека, 6 км/ч на тротоар

На еден тротинет повеќе нема место за втор патник

Новина е забраната за превезување друго лице на електричен тротинет. Ако тоа правило се прекрши, санкција ќе следува и за возачот и за лицето кое се превезува.

На еден тротинет повеќе нема место за втор патник

Шлем за секој возач и можно одземање на тротинетот на 30 дена

Заштитната опрема станува дел од секое возење. Заштитниот шлем е задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта. За дел од прекршоците, покрај паричните казни, предвидено е и привремено одземање на електричниот тротинет. Кога прекршок ќе стори дете, одговорноста ја сносат неговите родители или старатели.

Шлем за секој возач и можно одземање на тротинетот на 30 дена

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *