Врсничко насилство во Куманово – Кривични за две малолетнички и 18-годишна, тепале, снимале и навредувале врсничка, а видеото го објавиле на Снепчет
Кривични пријави се поднесени против 18-годишна девојка и две малолетнички од Куманово, осомничени за врсничко насилство врз 14-годишно девојче, соопшти СВР Куманово.
Според полицијата, случајот се случил на 13 март годинава, кога трите осомничени ја повикале малолетничката да излезе од дома, а потоа ја однеле во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.
Таму, според пријавата, најпрво ја навредувале, а потоа физички ја нападнале, додека една од нив го снимала целиот инцидент со мобилен телефон. Видеото подоцна било објавено на социјалната мрежа „Снепчет“.
По нападот, девојчето било заплашувано да не го пријавува случајот и да не зборува за снимката, при што ѝ биле упатени закани дека ќе се соочи со дополнителни последици доколку го открие настанот.
По преземените мерки и спроведената истрага, полицијата поднела кривични пријави против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички од Куманово, на возраст од 14 и 15 години, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.
За случајот ќе постапуваат надлежните институции.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно