Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски одат во пеколот (виц)

Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.

По некое време, кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.

Завртила, разговарала 5 минути и го прашала ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој. Елизабета напишала чек и му го дала.

По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!

Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, ѓаволот му рекол 10 милиони долари. Овој напишал чек и се смирил.

Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите од мојот поранешен кабинет!

Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку должам?
– Десет денари, рекол ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари, а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *