X

Убиј питон – добиј бесплатна пица: Необична акција во Флорида

Во Флорида, сопственик на пицерија претвори локален еколошки проблем во необична размена: уловен бурмански питон за бесплатна пица. Дастин Крам, сопственик на Wildman’s Pizza, Pasta and Python во Еверглејдс Сити, вели дека неговиот ресторан е место каде што ловците на змии можат да дојдат со пленот од мочуриштата и да си заминат со вечера.

Убиј питон – добиј бесплатна пица: Необична акција во Флорида

„Јас сум првото место во светот што прифаќа питон како валута“

Крам за NBC News го опиша својот чуден херпетолошки систем на размена со зборовите: „Јас сум првото место во светот што прифака питон како валута.“
Самонаречениот „мочуришен претприемач“ добил идеа од Florida Python Challenge, натпревар во кој ловци на змии од сите страни се натпреваруваат кој ке отстрани наjмногу питони од Еверглејдс за награда од 10.000 долари.

„Јас сум првото место во светот што прифаќа питон како валута“

Натпреварот завршува на 19 јули и ја претвора борбата со натрапникот во игра

Турнирот е замислен како начин да се поттикне војната против деструктивниот натрапник од Југоисточна Азија, вид што се прошири низ Флорида. Но по успешен лов останува практичното прашање: што да прави човек со мртва змија долга 4,9 метри и тешка 91 килограм, или со повеќе змии одеднаш?
Одговорот кај Крам е едноставен: да ги замени за пица.

Натпреварот завршува на 19 јули и ја претвора борбата со натрапникот во игра

„Можеш да донесеш питон и да го замениш за пица“

Крам, кој и самиот е ловец на змии, прифаќа неодамна и хумано усмртени животни во замена за бесплатна голема специјална пица по избор.
„Можеш да донесеш питон и да го замениш за пица,“ рече тој.
За него тоа е договор од кој добиваат сите: муштериите добиваат оброк, а тој добива материјал за својот дуќан.
„Тоа е некако работа, знаете, особено кај локалните деца,“ изјави тој за CBC. „Ги фаќаат. Не знаат што да прават со нив. Гладни се. Сакаат пица.“

„Можеш да донесеш питон и да го замениш за пица“

Од маст прави масла и сапун, од коски накит

Донациите со лушпи не завршуваат во отпад. Крам ги користи за разни додатоци од рептили.
„Маста ја користам за да правам змиски масла за кожа, креми, сапун,“ рече Крам. „Од коските правиме накит, се се користи.“
Тој дури украсува пица со феферони што личат на питон, но не смее да ги продава тие змии на обична пица, бидејки месото не е подготвено од лиценциран месар.
„Само морам да ја дадам бесплатно,“ рече продавачот на змиско масло, кој вкусот на питонската пица го опиша како „вкус на дивеч“, но добар. Тој продава и парчиња пица со игуана, уште еден натрапник во Флорида.

Од маст прави масла и сапун, од коски накит

До 300.000 питони, женки со 70 jaјца и змии подолги од 6,1 метар

Иако неговата размена изгледа како мал залак од голем проблем, борбата против овие азиски натрапници е тешка и долга. По првото навлегување во Еверглејдс во 1970-тите, бројот на питони излегол од контрола. Според Popular Science, експертите проценуваат дека низ државата можеби се движат и до 300.000 вакви змии.
Работите стануваат уште потешки затоа што женките можат да положат до 70 јајца одеднаш. Овие крупни влекачи, кои според извештаите можат да пораснат над 6,1 метар, јадат локални животни или им ја одземаат храната и просторот. Затоа службите за див свет го нарекуваат ова едно од наjтешко решливите прашања со инвазивни видови на Земјата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *