Ледени топки паѓаа врз туристичкиот бисер на Јадранот (видео)
Силно невреме проследено со крупен град утрово го зафати Ровињ и околината, предизвикувајќи материјална штета и вознемиреност кај жителите и туристите.
Бурата започнала по 9 часот, а според сведоштва, паѓале ледени зрна со големина на орев. Локалните метеоролози велат дека ваков град ретко се памети во Истра, а има информации и за неколку лица со полесни повреди.
Фотографиите од Ровињ и Ровињско Село покажуваат улици прекриени со град. Во меѓувреме, Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување за Истра поради опасност од силни грмотевици, обилни врнежи и засилен ветер.
Надлежните апелираат граѓаните и туристите да бидат претпазливи и редовно да ги следат официјалните временски предупредувања.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно