X

Шпански пилот се пошегува со аргентинските патници сред лет – им кажа дека станале светски шампиони

Во моментот кога авионот бил во воздух, а патниците немале пристап до интернет и не го знаеле исходот од финалето на Светското првенство, пилотот преку разгласот соопштил дека натпреварот бил неизвесен и решен по продолженија. Потоа им „честитал“ аргентинските патници, по што во авионот настанала вистинска еуфорија – се слушале аплаузи, извици и славење.

Сепак, само неколку моменти подоцна пилотот ја открил вистината – дека светски шампион е Шпанија, која ја совладала Аргентина со 1:0 по продолженија. Атмосферата во кабината веднаш се променила, а видеото од необичната шега брзо стана вирално и собра милиони прегледи на социјалните мрежи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *