X

Станарите од Карпош со години се тужеле дека кровот е небезбедно изведен, судот пресудил во корист на изведувачот – три дена подоцна се урна, а човек за влакно ја избегна смртта

Вчерашното невреме во Скопје откри сериозен проблем. За само неколку минути силен ветер беа оштетени или одлетаа десетици кровови, а граѓаните повторно се прашуваат дали ваквите конструкции воопшто се изведуваат според прописите. Една од најшокантните приказни доаѓа од Карпош 3, каде што, според објавата на Јована Стефановска, станарите со години предупредувале дека кровот не е безбеден и воделе судски спор со изведувачот. Само три дена по правосилната пресуда во корист на изведувачот, дел од кровот се урнал. Во продолжение ја пренесуваме нејзината објава во целост:

 

Вчера во Карпош 3 на улица Радика бр.5 падна огромен дел од кровот на зградата.

И тоа воопшто не е случајно. Со години станарите на оваа зграда се тужеа со фирмата изведувач затоа што оние што и малку се разбираат проценија дека кровот не е соодветно изведен. Плаќаа адвокат, вештаци и дојдоа до сознание дека изведувачот всушност успеал да ги поткупи и адвокатот и вештаците, а веројатно и судиите.
Пред само неколку дена добија конечна судска пресуда дека изведувачот добро го направил кровот и не е крив, а тие за долгогодишните судски трошоци мораа да платат големи суми.
После само три дена од ваквата судска пресуда се случува оваа катастрофа во која има многу штета, но на огромна среќа нема никој повреден, иако еден од соседите за влакно избегнал смрт.
Во Македонија само на среќа остануваме живи, а животите ги губиме без при тоа никој да не е крив.
Криминалот секогаш излегува на површина и коси човечки животи како на нај свирепо бојно поле.
Доколку Општина Карпош и другите општини кривично не ги гонат сите изведувачи на паднатите кровови, со трајно одземање на лиценца и доживотна забрана за дејност, тогаш дефинитивно ќе го амнестираат овој криминал кој и во иднина ќе биде голема опасност по животот на граѓаните.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *