X

За прв пат во историјата: Хуманоидни роботи извршија операција врз живи животни

За првпат досега, хуманоидни роботи управувани од хирурзи успешно изведоа лапароскопско отстранување на жолчно кесе кај свињи.
Студијата за изводливост, објавена во „Nature“, покажува дека хуманоидните роботи можат да бидат сигурна помош во хирургијата и потенциално да им овозможат на хирурзите да изведуваат сложени операции, дури и од далечина.
Хуманоидните роботи во последно време се појавуваат насекаде, од спортски терени до фабрики. Сега тим инженери и хирурзи од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, УЦСД, проверуваше колку навистина можат да бидат корисни овие двоножни машини во операциона сала.

За прв пат во историјата: Хуманоидни роботи извршија операција врз живи животни

Кај лапароскопијата роботите не се новост, но овојпат не станува збор за раце на да Винчи

Во лапароскопските операции роботиката веке стана вообичаена, но не во хуманоидната форма што е употребена овде.
Еден од поутврдените системи за лапароскопии со роботска помош е системот „da Vinci“, кај кој хирург користи конзола за да води три или четири роботски раце. Една од нив контролира 3Д камера, а целта е изведување сложени и прецизни операции.
Во новите експерименти, истражувачите ги ставија хуманоидните роботи на проверка во услови што постепено се приближуваа до вистинска операција.

https://youtu.be/Qp0eiQL6vB8?si=dih7s5fkp-M1X90s

Пред скалпелот врз живо ткиво, роботите прво фаќаа предмети и хируршки инструменти на работна маса

Најнапред беа тестирани фините моторни способности на роботите. Тие ракуваа со неживи предмети и типична хируршка опрема низ серија задачи на лабораториска маса, постојано водени од вештата рака на вистински хирург.
Кога тимот се увери дека соработката човек-робот е подготвена, премина на операција низ мал рез кај анестезирани свињи, со отстранување на нивните жолчни кеси.
Човечки хирург го контролираше роботот од конзола, додека друг лекар помагаше покрај операционата маса.

Пред скалпелот врз живо ткиво, роботите прво фаќаа предмети и хируршки инструменти на работна маса

Во еден момент влезе и втор робот, а малото крвавење беше брзо запрено

Во текот на операциите, истражувачите накратко вклучија и втор робот како помошник. Двете операции беа успешно завршени, а во еден случај малото крвавење беше брзо сопрено.
„Искуството на изведување операција со хуманоидниот робот имаше исто чувство како во раните денови на современата роботска хирургија, со некои од сличните ограничувања, вклучувајки судир на инструменти, доцнење на сигналот и потреба од постоано репозиционирање,“ му изјави хирургот од УЦСД, Шанглеи Лиу, на „ScienceAlert“.

Во еден момент влезе и втор робот, а малото крвавење беше брзо запрено

Лиу вели дека првата роботска платформа чекала децении, а овој проект стигнал до свињи за девет месеци

„Сепак, многу е важно да се забележи дека, додека беа потребни неколку децении за првичната платформа за роботска хирургија успешно да изведе операција на живи свињи, на овој проект му беа потребни само девет месеци од замисла до изведување на операцијата,“ додаде Лиу.
„Поради ова, очекувам и траекторијата за усовршување на оваа техника да биде експоненциално побрза.“
Хирургот задолжен навистина да го управува хуманоидниот робот за операциите кај свињите беше Рајан Бродерик.

Бродерик почувствувал нервозно исчекување, но и сличност со комерцикалните роботи

„Секогаш кога испробуваме нова технологија има одреден степен на нервозно исчекување,“изјави Бродерик, „но сепак ни беше прилично удобно со технологијата бидејки беше развиена.“
„Хуманоидниот робот делуваше многу слично на оперирање со комерциално достапна роботика. Имаше забележливо доцнење и повторно калибрирање што беше потребно за време на случаите, но тоа се очекува од модели што се доказ на концепт.“
И Бродерик и Лиу рекоа дека работата со хуманоидниот робот ја зголемила хируршката прецизност и го намалила заморот кај хирургот, слично како кај постоечките опции за роботска хирургија.

Бродерик почувствувал нервозно исчекување, но и сличност со комерцикалните роботи

Помалку простор во сала, полесен транспорт и можност хирургот да оперира таму каде што нема тим

Кај хуманоидните роботи има и дополнителна предност. Овие двоножни машини заземаат многу помалку простор од постоечките системи за роботска хирургија и се многу полесни за пренесување. Поради тоа, Лиу сугерира дека би можеле да се покажат корисни дури и во вселената.
„Може да ми овозможи мене или на други хирурзи да оперираме од далечина на места со помалку ресурси, каде што прецизноста на роботската хирургија може да биде корисна,“ изјави Лиу.
„Тоа може да биде заедница што не е доволно опслужена, опасна средина или место до кое е многу тешко да се стигне.“
Хуманоидните роботи, управувани од далечина, би можеле да помогнат и во ситуации каде што нема доволно локален персонал.
„Способноста да се изведува телехирургија на крај би го проширила мојот досег надвор од ѕидовите на УЦСД“ за да се испорача нега на луѓе во места каде што ресурсите се ограничени, рече Бродерик.
„Роботи како хуманоидниот исто така би можеле повеќе да дејствуваат како асистенција, за да овозможат практика со еден хирург во овие услови, особено ако цел тим не е достапен.“

Помалку простор во сала, полесен транспорт и можност хирургот да оперира таму каде што нема тим

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *