X

УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид: Македонија доби рок од пет години да ги исполни забелешките

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион засега да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, но на Македонија и Албанија им даде рок од пет години да ги спроведат препораките за подобра заштита на ова уникатно природно и културно богатство. Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот за светско наследство, која се одржува во Бусан, Република Кореја.
Македонската делегација на седницата ја предводеше амбасадорот во Париз, Игор Николов, заедно со претставници на надлежните институции.

УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид: Македонија доби рок од пет години да ги исполни забелешките

Следуваат пет години за исполнување на препораките

Според македонската делегација, одлуката претставува израз на доверба во досегашните активности што ги презела државата за зачувување на Охридскиот Регион.
Во своето обраќање, амбасадорот Николов истакна дека во наредниот период ќе продолжи реализацијата на конкретни мерки, меѓу кои се подготовка на прекугранична Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина, зајакнување на инспекцискиот надзор, справување со бесправната градба и заштита и обновување на Студенчишкото Блато.

Следуваат пет години за исполнување на препораките

УНЕСКО и понатаму предупредува на сериозни закани

Иако регионот не беше ставен на Листата на светско наследство во опасност, УНЕСКО и натаму предупредува дека Охрид се соочува со сериозни предизвици, меѓу кои неконтролирана урбанизација, нелегални градби, инфраструктурни зафати и закани за природните вредности на езерото. Организацијата очекува препорачаните мерки да бидат спроведени во утврдениот рок за да се зачува исклучителната универзална вредност на регионот.

УНЕСКО и понатаму предупредува на сериозни закани

Следниот извештај по истекот на рокот

Во наредните пет години Македонија ќе треба редовно да известува за напредокот во спроведувањето на препораките, по што Комитетот повторно ќе ја разгледува состојбата на Охридскиот Регион и ќе оцени дали преземените мерки се доволни за негово долгорочно зачувување.

Следниот извештај по истекот на рокот

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *