X

Македонска болница испиша историја: Жена на 61 и маж на 71 година за првпат станаа родители

Специјализираната болница „Д-р Органџиски“ објави уште еден исклучителен успех во областа на репродуктивната медицина, откако 61-годишна жена и нејзиниот 71-годишен сопруг за првпат станаа родители на здраво машко бебе.

Според информациите од болницата, на успешната бременост ѝ претходела комплексна медицинска подготовка, која вклучувала хистероскопска реконструкција на матката, индивидуално приспособена хормонална терапија и ин витро постапка со донирани јајце-клетки.

Породувањето било извршено со царски рез во Цирих, Швајцарија, каде што брачниот пар живее и работи. И мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба, а ова е нивно прво дете.

Од болницата посочуваат дека случајот претставува пример за тоа колку современата репродуктивна медицина ги поместува границите на можностите, кога постои внимателна проценка на здравствената состојба на пациентката и соодветна медицинска подготовка.

Иако бременоста во шеста деценија од животот носи значително поголем ризик и бара постојан лекарски надзор, благодарение на напредокот на ин витро технологијата и користењето донирани јајце-клетки, вакви случаи денес се можни во одредени околности. Во Швајцарија, пак, донирањето јајце-клетки сè уште не е дозволено со закон, поради што дел од пациентите се лекуваат во странство.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *