Да земеме пример од комшиите: Поранешниот градоначалник на Приштина осуден на две години затвор за непријавен имот од 172.600 евра
Основниот суд во Приштина донесе пресуда против Шпенд Ахмети поради непријавување на целиот свој имот. Покрај затворската казна, нему му е изречена и парична казна од 5.000 евра.
118.200 евра биле на лични сметки, 54.400 евра на сметка на неговата мајка
Според обвинението, Ахмети во периодот од 2018 до 2022 година не пријавил средства во вкупна вредност од 172.600 евра. Случајот се темели токму на тие непријавени износи и на начинот на кој биле распоредени средствата.
Судот го одби барањето за конфискација на непријавениот имот
Барањето на Специјалното обвинителство за конфискација на имотот не било прифатено. Казната затвор ќе се изврши по правосилноста на пресудата.

Коментирај анонимно