Времето поминато пред екран може да има сериозни последици врз развојот на децата, меѓу кои и доцнење во развој на говорот и меморијата
Додека екраните се натпреваруваат за вниманието на семејствата, развојот на децата ја плаќа цената, предупредуваат највисоки федерални здравствени службеници во САД.
Раното и прекумерно време пред екран може да предизвика сериозни неврокогнитивни доцнења кај малите деца, со влиание врз распонот на внимание, меморијата и говорните вештини, според д-р Стефани Харидополос, вршителка на должноста главен хирург на САД и главна заменик-помошничка секретарка за здравство.
„Родителите сега се борат за внимание со екраните“, изјави Харидополос.
Содржина:
- Канцеларијата на главниот хирург на САД ја објави рамката „5 Д“ за семејства со зависност од екран
- „Ако ние постоано сме на екраните, тогаш можеби и нашите деца ке бидат“
- Ручекот, автомобилот и последниот час пред спиење се трите места каде екраните треба да замолчат
- Телефоните да преноќат во кујна или дневна соба, не во детска спална
Канцеларијата на главниот хирург на САД ја објави рамката „5 Д“ за семејства со зависност од екран
За да им помогне на родителите да се справат со зависноста од екран, Канцеларијата на главниот хирург на САД објави насочена рамка позната како „5 Д“.
Советот на експертите е границите да не се поставуваат дури кога ке избие кавга. Наместо тоа, семејството треба да седне заедно и однапред да договори јасни правила соодветни на возраста: кога, каде и колку долго во текот на денот може да се користат екрани.
Таквите однапред кажани очекувања, велат експертите, ги намалуваат секојдневните расправии.
„Ако ние постоано сме на екраните, тогаш можеби и нашите деца ке бидат“
Харидополос вели дека родителите треба и самите да покажуваат здрави навики со екраните.
„Ако ние постоано сме на екраните, тогаш можеби и нашите деца ке бидат“, рече таа, охрабрувајки ги возрасните да „бидат добри примери и да водат со личен пример“.
Наместо таблетот да стане првиот одговор кога детето ке каже дека му е здодевно, таа препорачува вниманието да се насочи кон активности со раце: цртање, изработка на ракотворби или заедничко подготвување здрав оброк.
Ручекот, автомобилот и последниот час пред спиење се трите места каде екраните треба да замолчат
Периодите како летниот распуст и празниците се клучни моменти во кои семејствата можат повторно да ги постават дигиталните граници, сугерира вршителката на должноста главен хирург.
Харидополос ги охрабрува семејствата да внесат редовни периоди без екрани во секодневната рутина, вклучително и за време на оброци, возење со автомобил и пред легнување.
За време на оброци: семејните вечери да останат посветени на разговор лице в лице.
Во автомобил: патувањето да се гледа како можност за повторно поврзување, а не како автоматско свртување кон телефони или екрани зад седиштата.
Пред спиење: уредите со сина светлина да се исклучат наjмалку еден час пред сон, за да не се нарушат природните циклуси на спиење.
Телефоните да преноќат во кујна или дневна соба, не во детска спална
Како дел од чекорот „Одложи“, Харидополос препорачува пристапот на децата до екрани да се одложува секогаш кога е можно.
Еден начин, вели таа, е телефоните и другите мобилни уреди преку ноќ да се полнат во заеднички простор во домот, како кујната или дневната соба, наместо во детските спални.
„Тоа се неколку едноставни активности што можете да ги направите, а ке донесат огромни промени во иднина“, додаде вршителката на должноста главен хирург.

Коментирај анонимно