X

Еве зошто жена судија во машки фудбал не е добра идеја: Доживеа потрес на мозокот!

26-годишната судијка Матилде Демонкеј доживеа потрес на мозокот за време на пријателскиот натпревар меѓу француските тимови ФК Мец и Фортуна Ситард. Таа беше соборена додека се обидуваше да спречи тепачка меѓу играчите на двата тима.

Играчите се нафрлија едни на други

Околу 40-тата минута натпреварот целосно излезе од контрола. Играч на Мец го повлече за дрес напаѓачот на Фортуна, Леквинсио Зефуик, по што за само неколку секунди се вклучија речиси сите фудбалери. Туркање, влечење, довикувања… на теренот настана вистински хаос.

Судијката Матилде Демонкеј се обиде да ја смири ситуацијата, но токму таа ја извлече најлошата последица. Додека играчите продолжуваа да се туркаат и да се пресметуваат, таа беше соборена и силно падна на земја. Иронијата беше уште поголема бидејќи сè се случи пред рекламна табла на која пишуваше: „Почитувајте го судијата“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *