Елена Вукановска од Кипар се врати со две злата, сребро, бронза и титула меѓународен победник
Македонската ориентална танчерка Елена Вукановска оствари значаен меѓународен успех на престижен фестивал по ориентален танц во Кипар. Настанот се одржа во хотел со пет ѕвезди, со поддршка од една од најреномираните светски организации во областа на танцот. На сцената каде што секој детал се мери со техника, израз и дисциплина, Вукановска го потврди своето место меѓу истакнатите интернационални артисти.
Содржина:
Tabla Solo и Fusion Bellydance беа дисциплините што и донесоа злато
Вукановска настапи во четири категории. Покрај највисоките признанија, таа се закити и со сребрен медал во категоријата Classic Oriental, како и со бронзен медал во Arabic Folklore. Со тоа ја покажа својата разновидност и високото ниво на изведба во повеќе стилови на ориенталниот танц.
Титулата и отвора можност за место во судискиот тим на следното издание
Со освоените резултати, Вукановска се стекна и со титула меѓународен победник. Ова признание носи уште една важна можност: на идното издание на фестивалот таа може да биде дел од судискиот тим како интернационален судија.
„Ова е успех и за државата што ја претставувам“
По големиот успех, Вукановска истакна: „Златниот медал е навистина големо достигнување и успех за мене, но ова е успех и за државата што ја претставувам на овие престижни фестивали и истовремено освојување на интернационални титули.“
Елена Вукановска е интернационален артист со повеќе од 15 години професионално меѓународно искуство како натпреварувач и инструктор. Таа е единствената од Балканот интернационална инструкторка со меѓународно искуство за ориентален танц стекнато во Египет, како и основоположничка на ориенталниот танц во Македонија.
Ова е видеото од Победничкиот настап на Елена Вукановска во Кипар:

Коментирај анонимно