И љубовта е дел од традицијата: На 56. „Илинденски денови“, Никола клекна пред Наталија во народна носија и ја побара за жена
И љубовта е дел од традицијата. Има вечери кога фолклорот не се памети само по песната, играта и носиите, туку и по миговите што засекогаш го менуваат нечиј живот. Токму таква вечер се случи на годинашното издание на фестивалот, каде што сцената накратко престана да биде само простор за настап и стана место за животна одлука.
Содржина:
По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, сцената стана место за едно прашање
На сцената на фестивалот се случи едно од најнеочекуваните и најемотивните изненадувања. Пејачот и игроорец Никола Зацески, пред бројната публика, ја побара за жена својата долгогодишна љубов Наталија Цветкова.
Аплаузи, насмевки и солзи радосници од ансамблот и публиката
Облечени во македонска народна носија, Никола и Наталија создадоа слика што го спои она што „Илинденски денови“ го слави веќе 56 години: традицијата, припадноста и човечките вредности што се пренесуваат од генерација на генерација. Радоста на нивните колеги и на присутните го претвори овој миг во уште еден незаборавен спомен од фестивалот.
„Нека ова ‘да’ биде почеток на едно долго заедничко оро низ животот“
На младите Никола и Наталија им посакуваме нивниот заеднички живот да биде исполнет со истата љубов, почит и заедништво што вечерва ги почувствувавме сите. 56. „Илинденски денови“ остануваат точка на поврзување. Фотограф: Диоген Хаџи Коста Милевски.

Коментирај анонимно