Колку чини девојчето? Tурист влегол во локал во Грција и побарал да го „купи“ девојчето за да му прави одредени работи
Сопствениците на локалот „Taverna Bar Vasilis“ во Агија Пелагија, на грчкиот остров Крит, јавно раскажаа за вознемирувачки инцидент што, како што велат, не смееле да го премолчат.
Според нивната објава, во локалот влегол маж кој престојувал во блискиот хотел. Откако бил љубезно пречекан, тој прашал колку треба да плати за да го „купи“ малото девојче кое седело надвор и да прави „одредени работи“ со неа.
Од локалот велат дека веднаш ја известиле полицијата, како и хотелот во кој бил сместен мажот. Додаваат дека не знаат дали подоцна биле преземени дополнителни мерки, но нагласуваат дека ваквото однесување е недозволиво и дека никогаш нема да го толерираат.
Во дополнување на објавата објаснуваат дека во моментот на инцидентот во канцеларијата имало само млада вработена, додека детето било надвор, а бидејќи било попладне, немало многу луѓе во близина.
„Ова не го објавуваме за да го пронајдеме човекот, бидејќи надлежните веќе располагаат со неговите податоци. Нашата цел е да потсетиме дека вакви ситуации можат да се случат каде било и во секое време. Разговарајте со вашите деца и грижете се за нивната безбедност“, порачуваат од „Taverna Bar Vasilis“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно