Тетовец со БМВ блокирал осум автомобили во Улцињ: Туристи го барале низ градот за да се тргне пред да повикаат полиција
Едно непрописно паркирано „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки предизвикало проблем на паркинг во Улцињ, откако возачот го оставил автомобилот на место од кое блокирал дури осум други возила.
Случката била снимена од жена која преку социјалните мрежи се обидела да стигне до сопственикот. Таа побарала од сите што го познаваат возачот или можеби ќе го забележат во градот да му кажат да се врати и да го премести автомобилот.
Како што објаснува во видеото, туристите не сакале веднаш да повикаат полиција бидејќи биле свесни какви дополнителни проблеми може да му создаде тоа на возач кој се наоѓа во странство – од отстранување на автомобилот до негово подоцнежно барање и плаќање на трошоците.
Ситуацијата отишла дотаму што две лица тргнале да го бараат сопственикот низ Улцињ, надевајќи се дека ќе го пронајдат пред да мора да интервенира полицијата. Сепак, како што вели жената, шансите не биле големи поради огромниот број туристи во градот и гужвата околу главната плажа.

Коментирај анонимно