Се качил будала во ЈСП (виц)
Се качил еден будала во автобус. По некое време автобусот застанал, па возачот и контролорот излегле да видат што се случува.
По пет минути излегува и будалата и вели:
– Јас знам што се расипа.
Возачот му вели:
– Ќути и врати се во автобусот!
По петнаесет минути, будалата повторно излегува:
– Јас знам што се расипа.
Возачот, веќе изнервиран:
– Марш назад во автобусот!
По половина час, будалата пак излегува:
– Јас знам што се расипа.
Возачот му вели на контролорот:
– Ај пушти го нека каже. Можеби стварно знае нешто, можеби татко му е механичар. Ајде, кажи, што се расипа?
А будалата вели:
– Автобусот.

Коментирај анонимно