Дрво падна врз капачи на плажа во Хрватска: Повредени двајца возрасни и две деца
Четири лица, меѓу кои две деца, се повредени откако денеска паднало дрво на познатата плажа Балустрада во Цриквеница, Хрватска.
Според информациите од надлежните служби, повредени се две возрасни лица и две деца. Тие се надвор од животна опасност и биле пренесени во КБЦ Риека, додека уште неколку лица со полесни повреди биле згрижени на самото место.
Од компанијата „Еко-Мурвица“, која е задолжена за одржување на зеленилото, изразија жалење за инцидентот и најавија детална проверка на околностите што довеле до падот.
Станува збор за алепски бор, вид со релативно плиток коренов систем. Од компанијата посочуваат дека врз стабилноста на зрелите дрвја можат да влијаат долготрајната суша, карактеристиките на почвата и теренот. Плажата Балустрада се наоѓа на насипан терен, што исто така може да влијае врз стабилноста на кореновиот систем.
По несреќата ќе биде извршен дополнителен преглед на дрвјата на плажата и на други фреквентни јавни површини, со цел да се утврди дали се потребни дополнителни стручни проценки или мерки за безбедност.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно