Пораки од иселениците – Македонска Каменица традиционално го обележни Денот на дијаспората
Македонска Каменица традиционално го одбележува Денот на дијаспората (ден на иселениците) секоја година на 9 август, собирајќи ги иселениците од целиот свет преку културни, забавни и инвестициски настани. Официјалните детали за манифестацијата се објавуваат преку Општина Македонска Каменица.
Манифестацијата нуди содржини за сите генерации во текот на денот: активности и забава за најмладите, традиционални фолклорни настапи, видео пораки од иселениците ширум светот, презентација на инвестициски можности и развојни приоритети на општината, музичка програма со бендови и популарни диџеи
Целта на настанот е поврзување на локалното население со иселениците, привлекување инвестиции преку искуството на каменичани во странство, создавање услови за враќање и вклучување во развојот на градот.
Еве видео со пораки од иселениците од годинешниот настан.

Коментирај анонимно