Странецот ја истражува потонатата црква во Маврово
Во длабочините на Мавровското Езеро се крие необична страница од македонската историја – црквата „Св. Никола Летен“. Изградена во 1850 година како главна селска црква на Маврово, таа во 1953 година била потопена со создавањето на вештачкото Мавровско Езеро. И денес, зависно од нивото на водата, црквата повторно се појавува над езерото, а во периоди на суша може да се пристапи до неа. Иако покривот одамна е урнат, камбанаријата и поголемиот дел од надворешната конструкција сè уште стојат. Црквата била украсена и со икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, а денес нејзината мистична појава привлекува љубопитни посетители од целиот свет. Во видеото, еден странец ја истражува оваа необична потоната црква во срцето на Маврово.

Коментирај анонимно