Политички рецепт: Македонски ролат од лоповлук на традиционален начин
Домашен ролат од лоповлук
Потребно е:
- 4 милиони огорчени граѓани
- неколку профитабилни фабрики
- стотици илјади работници
- малку непотизам и лични интереси
- одредена доза безобразлук од меѓународната заедница
Подготовка:
Граѓаните поделете ги на три одделни дела и варете ги неколку години во одделни садови. Малку исперете им го мозокот, а по потреба зачинете ги со омраза и национализам. При варењето внимавајте да не претечат, па садовите цврсто затворете ги.
Во друг сад фабриките убаво исчистете ги и „излупете ги“, за да им се намали калориската вредност, која е штетна. Пред тоа, фабриките треба добро да се маринираат во лоповлук, криминал и свеж домашен интерес.
Содржината од сите три садови соединете ја и добро измешајте, а потоа благо зачинете ја со интересите на меѓународната заедница.
На послужавник наредете ги исчистените фабрики, наполнете ги со содржината од садот и завиткајте ги во „општо добро и светла иднина“.
Со ова јадење ви препорачуваме Дијазепам, Лексилиум, средства против чир и висок крвен притисок.
За мерките на претпазливост и контраиндикациите, посоветувајте се со пратеникот за кого сте гласале!

Коментирај анонимно