Човек се решил да скока од Камени мост (виц)
На Камени мост во Скопје стои човек, решен да скокне во Вардар. Околу него се собрал народ, сите викаат:
– Немој! Не скокај!
По некое време, еден полицаец се осмелил да му пријде малку поблиску и да проба да го разубеди.
– Абе човеку, зошто ќе скокаш? Помисли само на жена ти, како ќе го поднесе тоа?
– Да ѝ мочам на жена ми! – му одговара човекот.
– Добро, тогаш помисли на децата. Ќе им недостигаш цел живот!
– Да им се мочам и на децата!
– Ама погледни каков убав ден е… сонце, пролет, сè расцветало. Како можеш баш денес да скокнеш?
– Алергичен сум на полен! Дс ѝ се мочам и на пролетта!
Полицаецот веќе не знае што да му каже, па му текнува:
– Абе немој да скокаш, рекоа дека Македонија ќе влезе во ЕУ!
– Кога?
Полицаецот го погледнал неколку секунди и му викнал:
– Е па скокај тогаш, што чекаш, шупак еден!


Коментирај анонимно