„Ова е моја земја!“: Лут земјоделец изора 200 метри свеж асфалт во Полска – прави штета од 90.000 евра (видео)
На 7 август 2026 година, во полскиот град Гливице, 60-годишен земјоделец со трактор „Урсус“ изорал околу 200 метри свежо асфалтиран пат, тврдејќи дека дел од улицата минува низ негов имот и дека градежните работи се незаконски. Градските власти, пак, соопштиле дека патот целосно е во сопственост на градот. Штетата е проценета на околу 400.000 злоти, односно 93.000 евра, а земјоделецот бил уапсен и му бил одреден тримесечен притвор. За делото може да се соочи со казна од една до десет години затвор.

Коментирај анонимно