Религиозниот дечко ги запознава родителите на девојката (виц)
Влегува младо момче во аптека и прашува:
– „Имате ли кондоми?“
Аптекарот:
– „Имаме, секако.“
Момчето:
– „Дајте ми тогаш еден.“
Аптекарот му го дава кондомот и таман да му наплати, момчето вели:
– „Знаете, одам на вечера кај девојка ми, да се запознаам со нејзините. Таа има една предобра сестра, мислам дека и сестра ѝ нешто очекува од мене.“
Аптекарот му дава уште еден кондом, но таман да му наплати, момчето повторно вели:
– „Знаете, мислам дека и мајка ѝ очекува нешто од мене. Дајте ми цело пакување.“
Така аптекарот му го дава пакувањето, му наплаќа и момчето си заминува.
На вечерата:
Сите седнале на маса и се помолиле пред вечерата. Но откако целото семејство завршило со молитвата, момчето сè уште се моли.
Стигнало главното јадење, па и го изеле, а момчето сè уште се моли.
На девојката ѝ станало чудно, па ненаметливо го удрила со ногата под масата и му рекла:
– „Никогаш не ми кажа дека си толку религиозен?!“
Момчето одговорило:
– „Ни ти никогаш не ми кажа дека татко ти е аптекар.“

Коментирај анонимно