Мојсеј, Исус и еден старец играат голф (виц)
Мојсеј, Исус и еден старец играат голф среде пустина.
Прв удира Мојсеј. Го удира топчето, тоа лета право кон дупката и таман да влезе – се крева огромна бура и силниот ветер го однесува којзнае каде. Мојсеј се изнервирал, ама што да прави.
Следен е Исус. Удира, топчето оди право кон дупката, кога одеднаш дува силен ветер и нанесува песок пред него. Топчето се одбива и ја промашува дупката.
Исус толку се изнервирал што ја скршил палката и ја фрлил.
На ред дошол старецот. Ја зел палката и силно удрил, а топчето летнало високо во воздухот.
Одеднаш долетал орел, го фатил топчето со клунот и продолжил да лета. Во истиот момент започнала страшна бура – дожд истура како од ведро небо, грми и молска!
Една молња го погодува орелот точно над дупката. Орелот го испушта топчето…
И топчето право во дупката!
Исус, веќе целосно изнервиран, се свртел кон старецот и викнал:
– Тато, сега стварно претера!


Коментирај анонимно