Драматично спасување во Берлин: Жена скока од 11-ти кат кон корпата на противпожарната скала
Драматична спасувачка акција се случи во Берлин во петокот наутро, на 14 август, кога жена мораше да скокне од прозорец на 11-ти кат директно во корпата на противпожарната скала, која можела да стигне само до деветтиот кат.
Пожарот избувнал околу 6:27 часот во висококатница од 18 ката на улицата „Straße der Pariser Kommune“, во берлинската населба Фридрихсхајн, во близина на железничката станица Остбанхоф. Огнот започнал на балкон на 11-тиот кат, брзо ја зафатил целата станбена единица, а потоа се проширил и на катот над неа. Густ црн чад се ширел низ зградата и бил видлив од голема далечина.
Кога пожарникарите пристигнале, жената веќе седела на прозорецот, додека зад неа излегувале густ чад и пламен. Ситуацијата станала критична бидејќи противпожарната скала не можела да стигне до 11-тиот кат – нејзината корпа достигнала само до деветтиот.
Жената на крајот се решила на исклучително ризичен потег: скокнала два ката надолу кон корпата, чија површина била само околу еден до два квадратни метри. Пожарникар во корпата успеал да ја пречека и да ја задржи. Од силниот удар корпата видно се занишала, а луѓето кои го следеле спасувањето од земја почнале да аплаудираат кога сфатиле дека жената е спасена. Таа поминала само со полесни повреди.
„Навистина беше на работ“, изјавил портпаролот на берлинската противпожарна служба Адријан Венцел, нагласувајќи дека ситуацијата многу лесно можела да заврши трагично.
Во пожарот биле полесно повредени вкупно 13 лица, а петмина биле пренесени во болница. Пожарникарите извлекувале жители и преку скалите на зградата, а биле подготвени и воздушни перници за евентуално скокање. Според друг извештај, од 115 лица погодени од настанот, 25 морале активно да бидат изнесени или спасени од зградата. Спасено било и едно куче.
Во интервенцијата учествувале околу 150–160 пожарникари и припадници на итните служби. Пожарот бил изгаснат во текот на претпладнето, по што продолжиле проверките, проветрувањето и догасувањето на зградата. Околу пет часа по почетокот на интервенцијата, местото било предадено на полицијата за истрага на причината за пожарот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно