Туристи се качуваат на камбанаријата на црквата св.Никола во Маврово за да скокаат во вода
Туристи во Маврово пронашле прилично опасен начин за разладување во летните горештини. На снимка што се шири на социјалните мрежи се гледа како се качуваат на камбанаријата на старата потопена црква „Св. Никола“, а потоа од височина скокаат директно во водите на Мавровското Езеро. Ваквото однесување предизвика реакции кај граѓаните, кои бараат надлежните да преземат мерки, не само поради опасноста од сериозни повреди, туку и поради несоодветниот однос кон верскиот и културно-историски објект. Црквата „Св. Никола“, изградена во 1857 година, била потопена во 1957 година при создавањето на Мавровското Езеро и денес е еден од најпрепознатливите симболи на Маврово.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно