Мистериозен заледен брод од 120 метри е откриен од човек кој си „шетал“ на Google Earth

Теоретичарите на заговор не можат да престанат да зборуваат за најновата мистерија откриена на Google Earth. Еден човек кој решил да се фрли на „прошетка“ со помош на Google Earth забележал нешто што изгледа како заледен брод од околу 120 метри, во санта мраз, која лежи на 100 милји од брегот на Антарктикот.

Вестите за мистериозното откритие ги сподели Јутубер MrMBB333, кој се опишува себе си како „Чувар на Земјата“. „Кога го гледате одозгора изгледа како брод. Ова со големина од околу 120 метри , како и да изгледа, изгледа како брод. Леден брод ако сакате да го наречете – јахта од 120 метри која едноставно седи крај брегот на Антарктикот.“, вели јутуберот.

Мора да се напомене дека формацијата наликува на брод, но не може со сигурност да се каже за што станува збор затоа што би требало детално да се истражи, а тоа би било малку тешко со оглед на локацијата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.