Првиот училиштен ден во едно американско училиште (виц)
Првиот училиштен ден во едно американско училиште.
Наставничката го претставува новиот ученик, Хакира Сузуки од Јапонија.
Почнува часот, а наставничката прашува:
– Сега ќе видиме колку ја познавате американската историја. Кој рекол:
„Слобода или смрт“?
Одеднаш тишина. Само Сузуки крева рака и вели:
– Патрик Хенри, 1775 година, Филаделфија.
– Многу добро, Сузуки. А кој рекол:
„Државата е народот! И како таква, никогаш не смее да умре!“?
Сузуки станува:
– Абрахам Линколн, 1863 година, Вашингтон.
Наставничката строго го погледнува одделението и вели:
– Срам да ви е! Сузуки е Јапонец, а ја познава американската историја подобро од вас!
Од задниот дел на училницата се слуша тивок глас:
– Е*ете се, посрани Јапонци!
– Кој го кажа тоа?! – викнува наставничката.
Сузуки повторно крева рака:
– Генерал Мекартур, 1942 година, Гвадалканал, и Ли Јакока, 1982 година, на собранието на акционерите на „Крајслер“ во Детроит.
Тишина во училницата. Од задните клупи се слуша:
– Пуши к*р!
Наставничката, веќе надвор од себе:
– Доста е! Кој го кажа тоа?!
Сузуки:
– Бил Клинтон на Моника Левински, Овалната соба, 1997 година, Вашингтон.
Друг ученик се дере:
– Сузуки е гомно!
Сузуки:
– Валентино Роси, Рио де Жанеиро, мото Гран при, Бразил, 2002 година.
Целото одделение паѓа во хистерија од смеење, а наставничката се онесвестува. Во тој момент на вратата влетува директорот:
– У п*чку матер, никогаш не сум видел ваков хаос!
Сузуки:
– Никола Груевски, премиер на Македонија, на министерот за финансии при претставувањето на новиот државен буџет, 2009 година, Скопје.


Коментирај анонимно