Кинески SUV од 1.400 коњски сили против Lamborghini: Кој е побрз на 402 метри?

На едната страна е Lamborghini Huracán Performante – италијански суперавтомобил со 5,2-литарски V10 мотор и 640 коњски сили. На другата е огромниот кинески Zeekr 8X, SUV тежок дури 2,8 тони, но со plug-in хибриден систем кој развива неверојатни 1.400 коњски сили. Уште поинтересна е разликата во цената – Zeekr чини околу трипати помалку од Lamborghini. Екипата на Carwow ги постави еден до друг на права патека во трка на 402 метри, за да провери дали лесниот италијански суперавтомобил може да му се спротивстави на многу потешкиот, но повеќе од двојно помоќен кинески SUV.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *