Советничка на СДСМ, Софија Ристевска, влезе во дупка во центарот на Битола за да покаже колку е голема

Советничката на СДСМ во Советот на Општина Битола, Софија Ристевска-Петрушева, влезе во дупка на улицата „Пеце Матичевски“ во центарот на Битола, за да укаже на состојбата на коловозот.

На видеото, кое го објавиле советничките Јадранка Павловска и Софија Ристевска-Петрушева, тие ја коментираат дупката која се наоѓа во близина на Центарот за култура и Народниот театар. Павловска тврди дека претходно во неа пропаднало и возило.

„Оваа дупка е во близина на Народниот театар и во близина на едно од најстарите училишта во нашата држава. Зарем ова е безбедноста што ја заслужуваат битолчани?“, вели Ристевска-Петрушева во видеото.

 

Од Општина Битола, пак, соопштиле дека оштетувањето било претходно евидентирано и дека ЈП „Нискоградба“ поставило соодветна сигнализација. Надлежните започнале и со испитување за да се утврди дали причината за оштетувањето е поврзана со водоводната или канализациската мрежа.

Екипи на јавните претпријатија вчера утрото започнале со интервенција на локацијата. Од Општината посочуваат и дека обилните дождови во изминатиот период предизвикале оштетувања на повеќе улици низ Битола, на кои се вршат санации.

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *