Перо му се јавил на синот во Америка со лоши вести пред празниците (виц)

Перо му се јавува на синот кој се преселил во Америка и му вели:

– Извини, ама морам да те известам дека мајка ти и јас се разведуваме. 45 години заедно се премногу…

– Тато бе, како можеш такво нешто да ми кажеш?! И тоа пред Нова година и Божиќ?!

– Не можеме повеќе да се гледаме, си здодеавме еден на друг. И да знаеш, немам сила и на сестра ти Милева да ѝ се јавувам. Јави ѝ ти. Ајде, да не трошам за телефон – и ја прекинал врската.

Очаен, синот веднаш ѝ се јавува на сестра си, а таа целосно збеснува:

– Како бе ќе се разведуваат на тие години?! Ма остави ме мене, јас ќе ја средам работата!

Веднаш му се јавува на татко си:

– Нема да се разведувате, не доаѓа предвид! Ништо да не правите додека брат ми и јас не дојдеме. Ме слушна? НИШТО!

Перо ја прекинува врската, се врти кон жена си и вели:

– Станка, сè оди по план. Ќе дојдат двајцата за празниците, а и сами ќе си го платат патот!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *